Uncategorized

Кое е вистинското време за четкање на вашите заби?

Пред или после оброк? Ова прашање ги дели корисниците на четки за заби во две различни полиња, слично на сцена од познатиот чешки филм Snowdrop Festival. Во филмот две групи на ловци се расправаат околу дивата свиња да биде со зелка или со шипинка.

“Пред или после оброк” е едно од најпоставуваните прашања поврзани со користењето на IONICKISS јонизираната четка за заби на чешкиот и словачкиот пазар.

Што е дентален плак и како настанува?

Плак, а потоа забен камен се двата најчести проблеми во одржувањето на оралната хигиена.

Бактериите кои содржат дентален плак произведуваат киселини кои го нагризуваат емајлот на забите и кога тој процес трае подолг период ги оштетуваат забите.

Денталниот плак исто така ја нарушува конекцијата на забот со коскениот дел од вилицата. Го напаѓа периодонтиумот – ткивни влакна кои го поврзуваат забот со коската на вилицата и понатака го поврзуваат телото од забот со непцата.

Акумулираниот забен плак што нема да биде отстранет може да минерализира, потемни и да се претвори во забен камен.

Со Магистер Доктор Јитка Чочолова разговаравме околу тоа што се случува со нашите заби пред и после оброк.

Некои видови храна и пијалоци содржат киселини во себе. Дополнително јаглехидратите се претвораат во киселини во усната празнина. Ниското ниво на ПХ вредност т.е. високото ниво на кисела средина во устата предизвикува да се испуштат минералите кои се содржат во структурата на емајлот на забите и со тоа емајлот на забите се деминерализира. Со тек на времето станува помек и поранлив на механички штети, како и долготрајното изложување на бактерии може да предизвика забен камен или оштетување на забите.

Тоа е причината заради која треба да почекаме да ги измиеме забите 30 минути после оброкот?

30 минути е сосема во ред, но не претставува фиксно правило. После оброкот ПХ вредноста во устата полека се намалува, средината станува помалку кисела и со тоа помалку подложна на механички штети. Зголемувањето на ПХ вредноста може да биде забрзано со конзумирање вода или млеко после оброк или исплакнување на устата со течност за уста пред четкањето на забите.

Дали се подразбира дека оваа мерка е само подготовка пред чистењето и четкањето на забите?

Да, апсолутно. Намалувањето на киселата средина во устата не е еквивалентно на четкањето заби бидејќи не го намалува бројот на бактерии присутни во усната празнина.

Како и да е, тоа го намалува процесот на деминерализација на забниот емајл кој нема да биде на тој начин оштетен за време на чистењето и четкањето на забите.

Што друго има ефект врз оштетувањето на емајлот на забите освен досега спомнатата кисела ПХ средина?

Соодветното четкање на забите не го наштетува емајлот на забите, но несоодветно четкање на забите со многу тврда четка го оштетува.