Како функционирa IONICKISS
јонизираната четка за заби?

Сè во природата има свој поларитет базиран врз јони. Денталниот плак има позитивно наелектризирани јони (+), а површината на забите има негативен поларитет (-). Различните поларни наелектризирања се причината зошто површината на забите привлекува забен плак и заради тоа се приспојува на забите со помош на јонската врска која се создава.
IONICKISS јонизираната четка за заби создава негативни јони и го насочува нивниот проток помеѓу јонизираната четка за заби и забот. Јонизацијата што се случува ја раскинува јонската врска помеѓу забниот плак и забот, со тоа што го оттргнува забниот плак од површината на забите кон главата од четката. Ова ќе ги направи вашите заби почисти и поздрави. Докажано е со клинична студија дека IONICKISS четката за заби е многу поефективна од останатите обични четки за заби.
Категории на производи
Опис нa IONICKISS четката за заби
1. ЧЕТКИ – IONICKISS четките за заби се направени од материјали со врвен квалитет. Квалитетните влакна ја отстрануваат секоја нечистотија.
2. IONICKISS заменливи глави за четките за заби – Овозможуваат долготрајност на вашата јонизирана четка за заби. Кога се истрошени, едноставно заменете ги со нови и вашата јонизирана четка за заби е подготвена за употреба исто како првиот ден кога сте ја набавиле.
3. ЛЕД светло – Информација за статусот на батеријата. Батеријата трае најмалку 1 година со секојдневна употреба.
4. IONIPAD (металната лента) – Тоа е местото каде личноста која ја употребува јонизираната четка за заби треба да го допира со наводенет/а прст/рака за да се овозможи создавањето на јоните кои потоа ќе ја раскинат јонската врска помеѓу површината на забите и забниот плак и со тоа поефикасно ќе ги исчистат забите.
5. Копче за проверка на батеријата – Притиснете го копчето за проверка на батеријата еднаш до два пати во текот на неделата за да проверите дали батеријата е активна.