Uncategorized

Здрави заби. Здрава личност.

Устата и забите откриваат многу за нас, не само во естетски смисол на зборот, но и кажуваат многу за нашето здравје. Тоа е дел од нашето тело што не е изолирана единица, напротив, тесно е поврзана со останатиот дел од нашиот организам и тело.

Може да се каже дека доколку на нашата усна празнина ја овозможиме вистинскате нега и грижа, ние воедно се грижиме во целост за нашиот организам. Како и останатите делови од нашето тело, нашите усти се полни со бактерии, во исто време некои безопасни, а останатите може да ги наречеме помалку пријателски настроени. Во идеални услови нашата орална микрофлора останува избалансирана. Нашиот имунитетен систем, здравата исхрана, правилниот животен стил и секако адекватната орална хигиена помагаат во одржувањето на здрава усна празнина. Спротивно на тоа, диета која е богата со шеќери придружена со лоша орална хигиена може да води кон гингивитис и опаѓање на забите..

Секое воспалување како и гингивитисот се голем товар за здравјето на организмот. Од една страна го ослабуваат нашиот организам, а од друга страна создаваат и складираат бактерии. Овие бактерии може да се рашират низ телото додека се јаде и може да го забрзаат развојот и на други сериозни болести како артериосклероза, срцеви удари и мозочни удари. Покрај тоа појавата на периодонтитис може да го забрзаат развојот на дијабетес. Пациенти со дијабетес ги губат своите заби побрзо, а луѓе со хронични воспалителни процеси е поверојатно да развијат дијабетес. Воспалителните процеси ја зголемуваат отпорноста на клетките на инсулин, а високи нивоа на инсулин промовираат воспалителни процеси. За ова да биде посериозно, гингивитисот е поврзан со појава на депресија, ја намалува плодноста и може да биде поврзан со мала телесна тежина на новороденчиња и предвремено родени новороденчиња.

Адекватната грижа за нашите заби заради тоа е многу важна. Што може да направиме за нас во случај уште повеќе да ја подобриме?

  • Избегувајте да користите во исхраната шеќер. Бактериите во нашите усти го имаат истиот наш вкус. После преработување на храната тие произведуваат киселини многу покозивни од исхраната без шеќер. Оваа екстремно кисела средина го нагризува емајлот на забите.
  • Пиете што е можно повеќе течности (преферирајте обична вода) овозможува нормално лачење на плунката што е екстремно важно за здравјето на нашите заби. Плунката содржи значајна содржина на минерали – калциум, магнезиум, натриум, калиум, железо и бакар. Тие се способни да ја неутрализираат ПХ вредноста во устата и во исто време да го реминерализираат забниот емајл. Честото пиење на слатки, газирани пијалоци или вода збогатена со лимон не се препорачува.
  • Да се намали пушењето или целосно да се елиминира. Токсините од цигарите го намалуваат ефективното дејство од плунката врз забите. Дополнително јаглерод моноксидот кој се содржи во цигарите го зголемува присуството на опасни бактерии.